Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1227 тестирања, а регистрирани се 156 нови случаи на ковид-19 во: Скопје- 100, Куманово-11, Дебар-1, Штип-6, Прилеп-1, Тетово-19, Струга-2, Велес-6, Битола-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-1, Гевгелија-1, Кочани-3, Кратово-1, Свети Николе-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 27 оздравени пациенти од: Скопје-10, Штип-3, Тетово-10, Велес-1, Битола-1 и Неготино-2.
Починати се 6 лица, четворица пациенти од Скопје и двајца од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се 2 лица од Скопје, пациентка на 70 години, хоспитализирана на 16 јуни и пациентка на 76 години, од 10 јуни на клиниката.
На Клиниката за нефрологија почината е пациентка од Скопје на 74 години и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ почината е пациентка од Скопје исто така на возраст од 74 години.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на 66 години, примена во болницата на 14 јуни. Во КБ Тетово почина пациент на возраст од 71 година, хоспитализиран на 16 јуни.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од
почетокот на епидемијата изнесува 4820, бројката на оздравени пациенти е
1863, на починати е 222, а во моментов бројот на активни случаи во
земјата изнесува 2735. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 2343, активни 1593
• Куманово 679, активни 230
• Дебар 63, активни 11
• Штип 260, активни 208
• Прилеп 230, активни 17
• Тетово 500, активни 304
• Струга 149, активни 70
• Велес 162, активни 34
• Битола 38, активни 9
• Охрид 91, активни 72
• Кавадарци 9, активни 4
• Гостивар 79, активни 53
• Гевгелија 9, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 10, активни 7
• Крива Паланка 10, активни 4
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 5, активни 2
• Кочани 59, активни 26
• Пробиштип 11, активни 9
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 5, активни 3
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 5, активни 3
• Свети Николе 12, активни 10
• Кичево 5, активни 2
• Ресен 48, активни 47
• Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1227 теста се преку: ИЈЗ –484, ЦЈЗ Скопје-39, Авицена –105, Биотек –152, Систина со PCR метода –104, МАНУ -151, Жан Митрев (Филип Втори) -180 и Судска медицина-12. Досега во земјата се направени вкупно 49.020 тестирање на ковид -19.
Во рамките на скринингот се направени 31 тестирања во градинки во Штип, нема позитивен резултат на ковид-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти.
Вкупно се хоспитализирани 99 пациенти. На кислородна поддршка се 46
пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 126 пациент. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 36 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 72 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на
епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини
во Скопје)
• Чаир – 352
• Аеродром – 127
• Бутел – 117
• Гази Баба – 128
• Центар – 123
• Карпош – 108
• Сарај – 109
• Кисела Вода – 82
• Ѓорче Петров – 63
• Студеничани – 75
• Шуто Оризари – 54
• Арачиново – 44
• Илинден – 24
• Петровец – 12
• Чучер Сандево – 8
• Сопиште – 11
• Странец – 4
• Нераспределен-51