Во последните 24 часа се направени 2172 тестирања, а регистрирани се 160 нови случаи на ковид-19 од кои 4 во Охрид и 9 во Струга. Најмногу нови случаи се евидентирани во Скопје 38, потоа во Тетово 20, Куманово 19, Гостивар 13.
Починати се три пациенти, два пациенти од Скопје (60г. и 72г.) и пациентка од Гостивар (53г.). Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациенти.
Пристапот на широко тестирање дава резултати. Во изминатите 24 часа регистриравме и рекорден број на направени тестови – 2172. Со ова, вкупната бројка на тестови во нашата земја достигна 123122. Граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките. Само заеднички може за да се избориме со овој вирус. Преку носење заштитна маска, одржување на физичка дистанца и често миење на раце да го стопираме ширењето на ковид-19. Да бидеме одговорни за нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски. – истакна министерот за здравство Венко Филипче.