Во ОУ училиште „Коле Канински“ во Битола пуштено е во употреба реконструираното ракометно игралиште, за чија реконструкција Видеолотарија обезбеди донација во вредност од 3. 284. 819 денари (53.000 евра).
Игралиштето во употреба го пушти ракометната легенда Кирил Лазаров, кој е амбасадор на државната видеолотарија.
– Чест ми е и задоволство што имаме прилика заеднички како бренд ,амбасадор на државната видеолотарија на Македонија да донираме и да го одбереме токму градот Битола. Мислам дека Битола е спортски град, пред сѐ ракометен град и тоа го заслужува. Се надевам дека со оваа донација, со оваа инвестиција и понатаму ќе предизвикаме уште поголем интерес и Битола ќе има уште поквалитетен спорт и поквалитетен ракомет што ѝ го посакувам од срце затоа што тоа го заслужува – изјави ракометната легенда Кире Лазаров, кој е бренд амбасадор на брендот „Видеолотарија Австрија“.
Директорот Зоран Мирчевски овој спортски ресурс ќе служи како мотивација плус и за наставниците, и за учениците во училиштето „Коле Канински“ за да ја реализираат подобро наставата по физичко и здравствено образование.
– Се надевам дека овој спротски ресурс што ќе се користи во понатамошниот период ќе придонесе како мотивација плус за подобро реализирање на наставата по физичко и здравствено образование, а воедно ќе постигнуваат и поголеми успеси – изјави директорот Мирчевски.
На свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој изјави:
– Создавањето услови за развој на спортот и подобрувањето на спортската инфраструктура во општината се меѓу главните фактори кои треба да бидат поттик и можност за учениците да го развиваат својот спортски и натпреварувачки дух, истовремено јакнејќи ја дисциплината и одговорноста, да се изградат како здрави личности – изјави Коњановски.