Don't Miss
Home / Вести / Реконструкција и рехабилитација на 23 улици во Битола

Реконструкција и рехабилитација на 23 улици во Битола

              

        -Следејќи го принципот на континуитет во изборната програма, а денес и во конкретната општинска програма за уредување на градежно земјиште предвидовме изградба, реконструкцијата и рехабилитација на 23 улици: Булевар 1 ви Мај, Солунска, Христо Узунов, Наум Наумовски Борче, 7 ми јули и Сутјеска, дел од улица Крушевска Република во АРМ, улица Стара чешма, улица 16 та, улица Ѓорги Димитров, улица АСНОМ, улица Македонска фаланга, улица 28 ма, улица Вера Циривири Трена, улица Брегалница, улица Штипска, улица Христо Узунов, улица Бранислав Нушиќ, улица Струшка, улица Сутјеска, улична мрежа низ село Логоварди, локалните патишта за селата Дихово, Буково, Брусник кои планираме во целост да ги завршиме до крајот на следната година.

Со оваа програма за реализација предвидени се и други инфраструктурни проекти во повеќе руралните места, а согласно состојбата која ја затекнавме веднаш по доаѓањето како локална самоуправа, предвидуваме и 300.000 денари за изработка на Студија за утврдување на состојбата на седум челични мостови на р. Драгор, со цел да не не изненадат други ситуации, слични на онаа со Мостот кај Безистенот.

Ова го изјави на денешната седница на Советот градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Притоа Тони Коњановски додаде дека со програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште, планирана е  изградба и уредување на Нов парк во Нова Битола, содржина која е повеќе од потребна во тој дел од градот, но и средства за обнова на Планинарскиот дом Копанки, кој конечно после 9 години ќе се врати во функција, а нема да биде само тема за политички препукувања и мудрувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*