Реконструкцијата на патниот правец од селото Кажани кон селото Маловиште, во должина од 4 километри е во завршна фаза.
Вредноста на инвестицијата за реконструкција на овој патен правец изнесува над 16,2 милиони денари.
-Преку овој проект овозможуваме жителите на населените места Кажани и Маловишта да имаат квалитетна инфраструктура со која ќе се обезбеди брз проток на добра и услуги, а граѓаните добиваат уште еден квалитетен пристапен пат до Националниот парк Пелистер,изјави директорот на Агнцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, кој притоа додаде дека во општината Битола, со грант од Програмата за рурален развој ќе се реализираат 5 проекти со вкупна вредност од 36 милиони денари.
-Со задоволство може да истакнам дека средствата од Програмата за рурален развој, овозможуваат рамномерен регионален развој на Република Северна Македонија. Со реализација на околу 200 капитални инвестиции низ целата држава со вкупна вредност од 38 милиони евра, покажуваме дека како Влада обезбедуваме квалитетни услови за живот на сите граѓани без разлика дали живеаат во урбани или рурални средини“, рече директорот на АФПЗРР Николче Бабовски.
Во оваа инвестиција општината Битола учествува со над 6 милиони денари.
-Ако ги земеме сите досегашни зафати кои сме ги направиле во Потпелистерието, вложени се над 1 милион евра, односно над 10 милиони денари во пречистителната станица, во колекторскиот систем Трново-Магарево над 21 милион денари, потегот кон Кажани е во вредност од 13 милиони денари. Станува збор за износи кои што зборуваат за сериозно вложување во инфраструктурата кон Потпелистерието.
-Со овие вложувања покажавме дека како локална и како централна власт имаме кооперативност во делувањето, во интерес на граѓаните. Во тек е тендерска постапка за реализација на коловозот од Црвени Петли до трафостаницата во селото Трново, во висина од над 24,7 милиони денари, што значи дека оваа власт продолжува да се движи во насока на подобрување на инфраструктурата“, посочи градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.