Don't Miss
Home / Вести / Реконструкција на ул.АСНОМ

Реконструкција на ул.АСНОМ

       

Во тек е поставувањето на атмосферска и фекална канализација на ул. АСНОМ во Битола. Реконструктивните зафати на оваа улица, покрај поставувањето на канализациониот систем, предвидуваат изградба на водоводни инсталации и поставување на нов коловоз.

Општина Битола во овој проект ќе го финансира поставувањето на приклучоците за водоводната мрежа и канализационата мрежа од страна на јавните претпријатија „Водовод“ и „Нискоградба“, како и целосното уредување на коловозот.

Министерството за транспорт и врски, го финансира поставувањето на новата водоводна и канализациона мрежа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*