Управниот одбор на Детското ликовно студио “Св. Кирил и Методиј” Битола донесе одлука возрасната група на членовите, утре, н 31 август година да сликаат пред Министерството за образование и наука на Македонија од 10 до 13 часот.
Целта е велат од УО, враќање на статусот на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола во МОН кој по 30 години е прекинат од страна на Министерството за образование и наука на Македонија со што 55 годишната организација ќе мора да биде затворена, а светскиот детски ликовен бренд “Мал Битолски Монмартр” по 41 година прекинат.
Утре пред МОН Детското ликовно студио “Св.Кирил и Методиј” Битола, со почеток во 11 часот ќе одржи и прес конференција, на која се поканети да присуствуваат граѓани на Скопје, но и амбасадори на дипломатско конзуларните претставништва од сите земји во Македонија.
Иако зад ваквите одлуки на УО од Детското ликовно студио велат дека стојат и родителите, сепак добар дел од родителите на децата кои се членови на Студиото регаираат за ваквите постапки на УО и велат немаат намера да ги пуштаат децата да цртаат во Скопје, бидејќи не сакаат младите ликовни уметници да бидат инволвирани во политички игри, кои очигледно е дека во последно време се случуваат во Детското ликовно студио