-За нас лично одлуката на Обвинтелството од Битола да се откаже од кривично гонење по службена должност на лекарите и медицинскиот персонал кои беа вклучени во лекувањето на нашата ќерка Јана во Б итолската болница, не е изненадување. Напротив ние таква одлука очекувавме, особено по добивањето на Обдукцискиот наод дека лекарите не се виновни за смртта на нашето девојче.Во ваква ситуација, кога во оваа држава нема правда и по се она што го доживеавме во изминатите 3 месеци од смртта на нашата Јана не ни преостанува ништо друго туку да си ги спакуваме куферите и да се иселиме од оваа држава. И тоа наскоро ќе го направиме.
Овде човек нема шанси да ја докаже вистина,а не особено против лекари кои се исповрзани со судии, обвинители, политичари, бизнисмени….
Ова го изјавија родителите на Јана на вечерашниот протест пред ОЈО Битола.
-Но, тоа не значи дека ние како родители ќе се откажеме од нашите настојувања да се утврдат причините за смртта на Јана.
Во наредните денови ќе се консултираме со нашите пријатели, стручни лекари и експерти од земјата и странство со кои постојано комуницраме и на кои им ја испративме целокупната медицинска документација од обдукцискиот наод и дека ќе направиме се да се утврдат причините за смртта на нашата Јана.
Не знаме зошто толку брзо Обвинтелството се откажа од гонење на виновцните по службена должност и сега нас не става во ситуација правдата да ја бараме по приватна тужба за која ќе бидие изложени на трошоци.
Ние Јана не можеме да ја вратиме. Но вистината за нејзината смрт мора да се докаже и за да не ни случуваат нови такви случаи , истакнаа родители на Јана,во своите емотивни пораки на вечерашниот протест пред ОЈО во Битола.
Dragi neuteshni roditeli ! NAPUSHTETEJA TAA PROKLETA ZEMJA .