Конечно Битолски весник го заокружи проектот со пуштање во програма на РТВ Б -97 Битола.
Благодарение на стручните екипи кои беа ангажирани во подготовката на компјутерескиот систем за реализација на програмата од пред два дена РТВ Б – 97 Битола се слуша не само во Битола или нашата држава, туку се гледа и слуша во цел свет.
Програмата на РТВ Б -97 Битола сега може преку стриминг да се слуша и гледа во цел свет.
Во исто време сите емисии кои РТВ Б -97 ќе ги прави во своето студио ќе можат во живо да се следат во светот.
На тој начин Битолски весник може конечно да се пофали дека целосно го заокружи овој проект и дека оваа Радио интернет телевизија, која се слуша и гледа ќе се слуша и гледа во целиот свет.
Веќе ни се јавуваат слушатели и гледачи од Америка, Австралија, Европа, кои имаа(т)можност да ја слушаат и гледаат нашата програма.