Don't Miss
Home / Свет / Русија и Турција со заедничка истрага за убиството на амбасадорот

Русија и Турција со заедничка истрага за убиството на амбасадорот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека заедничка турско-руска истражна комисија започна истрага за убиството на рускиот амбасадор во Анкара, Андреј Карлов.

Тој посочи и дека нема да дозволи никој да им наштети на односите меѓу двете земји.

Тој во свое име и во името на турскиот народ го осуди убиството на рускиот амбасадор.

Ердоган истакна и дека телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин и двајцата се на ставот дека убиството е отворена провокација со цел да им се наштети на нивните односи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*