Don't Miss
Home / Uncategorized / Русија: Македонија ќе ги сноси последиците за протерувањето на руски дипломат

Русија: Македонија ќе ги сноси последиците за протерувањето на руски дипломат

Руската амбасада вечерва се огласи на Твитер со реакција на одлуката на македонското МНР да протера еден руски дипломат.

-Владата донесе одлука да протера руски дипломат. Целосна одговорност за последиците од оваа провокација и исклучително непријателски чин без преседан во руско-македонските односи ќе ја носи македонската страна, објави руската амбасада на Твитер.

Одлуката на македонското МНР, како што претходно беше соопштено, е донесна по консултации со сојузници и партнери од ЕУ и НАТО.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*