Don't Miss
Home / Uncategorized / Руски бизнисмени ги потплатувале протестантите

Руски бизнисмени ги потплатувале протестантите

Про-руски бизнисмени се обидуваат да ја спречат земјата да се приклучи на НАТО, со плаќање за насилни протести. Премиерот Зоран Заев, обелодени дека полицијата за ваквите плаќањата дознала по приведувањето на неколку учесници во насилните протести пред Собранието минатиот месец, кога договорот со Грција влезе во собраниска процедура.

При тоа се споменуваат суми од 13 до 21 илјади долари за организирање насилни демонстрации пред референдумот.

„Тие млади момчиња од Комити, кога нападнаа полицајци беа повикани во полицијата на разговор. Па споменуваа бизнисмени од Русија давале пари заради тоа они се тука, немаат ништо против, или слично. Јас, само уште еднаш ќе потврдам, Македонија е мала земја, сака да гради пријателство со сите,  вклучително и со Руската Федрерација. Знаејќи го тоа целото, мораме само уште еднаш да потврдиме – „Нема алтернатива за Македонија освен полноправното членство во ЕУ и Нато“. – изјави Заев.

Дополнително, премиерот Заев, во интервју за странските медиумни посочи дека станува збор за странци – блиски со Русија кои платиле илјадници долари да предизвикаат насилство со цел да ја спречат Македонија да се интегрира во НАТО, а дел од нив се поврзани со медиуми, дел ги охрабруваат младите луѓе да протестираат пред парламентот, да напаѓаат полицајци. Министерот за внатрешни, Оливер Спасовки вели дека не планира истрага да води преку медиумите.

„Што било да имаме и какви било информации да имаме што се однесуваат на сензитивни прашања, ниту ќе можеме, ниту смееме, ниту, пак, е потребно тоа да го водиме преку медиумите и како истрага да ја спроведуваме преку медиумите. Треба да знаете дека во секој момент кога ќе имаме што било да соопштиме, што е во фаза на можност да биде соопштено, тоа ќе го направиме“ – рече Спасовски.

Пред еден месец, на протестите пред Собранието, кои завршија со 17 повредени, од кои 10 полицајци, а 26 лица беа приведени, во јавноста уште тогаш се отворија дилеми, кој стои зад протестите, и дали тие навистина се организирани преку социјалните мрежи. На овие протести, Јанко Бачев, од здружението, „Единствена Македонија“ со руското знаме во раце се качи на полициско возило. Тогаш, од Руската амбасада за дел од медиумите посочија дека на никого не му дале дозвола за користење на државното знаме за време на протестот, но дека тие не се во можност да го контролираат користењето на нивните национални обележја бидејќи истите слободно се продаваат низ целиот свет.

На денот кога Македонија ја доби поканата за членство во НАТО, но и беше порачано дека ќе мора да го спроведе договорот со Грција, руското МНР повторно излезе со став дека се противат на членството на Македонија во Алијансата и на нејзиното проширување.

А непосредно пред почетокот на НАТО самитот во Брисел, Грција протера руски дипломати, поради, како што пишуваат тамошните медиуми, обид да влијаат на одлуките на власта по прашањето за договорот со Македонија. А Русија се закани дека ќе возврати со реципроцитет.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*