ЈКП Водовод Битола ги известува корисниците на вода за пиење дека започнува со редовно читање на состојбите на водомерите за потрошена вода за пиење во пролетниот период. За таа цел, се молат корисниците да ги исчистат своите водомери од зимскиот период, за полесно да бидат достапни на инкасантската служба на ЈКП Водовод Битола, за да може слободно да се евидентира состојбата за потрошената вода за пиење.