Don't Miss
Home / Вести / САД даде виза за мандатот на Заев

САД даде виза за мандатот на Заев

САД му го честитаа мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев и очекуваат соработка со новата влада, објави на Твитер американската амбасадорка Кејт Мари Брнз.

„Честитки за Зоран Заев за мандатот да формира влада. Очекуваме да работиме со новата влада откако ќе се формира. Како нова членка на НАТО, ја поддржуваме посветеноста на земјата на демократските принципи, владеењето на правото и нејзината европска иднина“, вели Брнз.

Заев најави дека во рок од 20 дена ќе направи влада, откако претседателот Стево Пендаровски денеска му го додели мандатот. Заев кажа дека преговорите со ДУИ продолжуваат и дека денеска ќе има нова средба со лидерот на партијата Али Ахмети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*