САД ги повикаа Бугарија и Македонија да ги решат билатералните спорови надвор од пристапниот процес за да се постигне заедничката цел за членство на Северна Македонија во Европската Унија, изјави за „Гласот на Америка“ портпаролот на Стејт департментот.
– Ние сме јасни во нашата желба да видиме кандидатурата на Северна Македонија да влезе во преговарачката рамка до крајот на оваа година – рече портпаролот на Стејт департментот нагласувајќи дека ги поздравува напорите за преговори.
Во изјавата се вели дека процесот на проширување промовира долгорочен мир, стабилност и просперитет во регионот. Одлуката на ЕУ во март да ги отвори пристапните преговори со Македонија беше позитивен чекор и го негира лажниот наратив дека трансатлантската заедница го запоставила Балканот“.
– Одложувањето на пристапот на овие држави во ЕУ ризикува да се обноват прашањата за кредибилноста на ЕУ во регионот – изјави портпаролот на Стејт департментот додавајќи дека САД се силен поддржувач на евро-атлантската интеграција на Западен Балкан.