Don't Miss
Home / Вести / Сашко Павловски:Со Битолски весник другарував додека бев војник во Панчево

Сашко Павловски:Со Битолски весник другарував додека бев војник во Панчево

               

Моите “врски” со “Битолски весник” започнуваат во далечната 1983 година. Сакајќи да останам некако во контакт со градот, пред да одам во ЈНА, јас се претплатив на весникот и секоја недела редовно ми доаѓаше “Битолски весник” во Панчево. И таа година,иако физички одделен  од градот,  благодарение на “Битолски весник” јас бев со мојот град. И години потоа средите се резервирани за новиот број!

Како еден од оние битолчани кои се уште сакаат да читаат весник на хартија јас и денес со нетрпение и љубопиност го чекам секој нов број на “Битолски весник”.

Иако ги слдиме редовно настаните преку електронските медиум, сепак задоволството  е да се прелистува хартијата. Тоа  останало и дава посебно чувство кое го познаваат сите вакви љубители на “старите добри весници”.

 Секако задоволството е уште поголемо што во секој број на “Битолски весник” задолжително ке наидете на интересен текст, интересна информација или воведната  колумна на Менде ќе ве натера да размислувате  и сами да поставувате други прашања. Нема да бидам искрен ако не признаам дека последните години со најголем интерес ја читам страницата со текстови од архивата на “Битолски весник”.

Навистина “Битолски весник” бил неспорен хроничар на градот, единствен од таков тип на овие простори, а ако се земе предвид дека и во моментот опстојува, еве прославувајќи 60 години од почетоците, сигурен сум дека е и ЕДИНСТВЕН.

 Затоа честитки за јубилејот, со надеж дека “Битолски весник” ќе успее да изнајде пат да го одржи ова што досега го правел и ќе продолзи да не радува секоја среда со нов број.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*