Don't Miss
Home / Вести / СДСМ ќе собира донации да и купи на пратеничката Олга Лозановска трет стан во Скопје за да не троши државни пари за патарини

СДСМ ќе собира донации да и купи на пратеничката Олга Лозановска трет стан во Скопје за да не троши државни пари за патарини

Пратеничката од ВМРО – ДПМНЕ, Олга Лозановски за нецела година зела над 550.000 денари од парите на граѓаните за патни трошоци.

За да оди на седници во Собранието, патот на Лозановска од Битола до Скопје ги чини граѓаните над 50.000 денари секој месец.

За да биди трагедијата уште поголема, Лозановска во имотниот лист пријавила два стана во Скопје – едниот на име на сопругот, а другиот е „имот на деца“.

Ама, Лозановска не користи некој од двата стана што ги поседува, туку наплаќа по над 50.000 денари месечно за патни трошоци. Плус платата, секако.

Ова се пари за нецела година, а мандатот на пратеничката е четири години. Вие почитувани граѓаните направете математика колку од вашите пари ќе завршат во џебот на Лозановска.

Без трошка совест Олга Лозановска го празни државниот буџет, наместо како пратеник да биде пример за домаќински и одговорен однос кон парите на граѓаните.

Ја повикуваме Олга Лозановска да се прибере во трошењето народни пари. Зема плата од 100.000 денари, има два стана во Скопје во кои можи да оди кога има работни обврски. Нека покаже доблест и нека се откаже од можноста што ја нуди законот за наплаќање на патни трошоци. Ако, пак, собира пари за да си купи трет стан во Скопје, нека каже, ние ќе почнеме да собираме донации. Во спротивно, ќе потврди дека не и гајле ниту за Битола, ниту за Македонија, туку ја интересира само да се збогати со парите на граѓаните.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*