Don't Miss
Home / Вести / СДСМ со реакција:ВМРО ДПМНЕ ниту ги интересирало, ниту ги интересира здравјето на битолчани

СДСМ со реакција:ВМРО ДПМНЕ ниту ги интересирало, ниту ги интересира здравјето на битолчани

На денешната прес конференција на советникот Степановски од ВМРО ДПМНЕ со реакција се огласи битолската СДСМ. „Трет ден како битолското ВМРО – ДПМНЕ, или барем дел од него, не може да се помири со фактот што не успеаа во намерата да направат уште една лакрдија. Овојпат на последната седница на Советот на Општина Битола. Здравјето на битолчани ниту ги интересирало, ниту ги интересира. Доказ за тоа е однесувањето што го практикуваат од почетокот на пандемијата, досега. Бараат поригорозни мерки за намалување на ширењето на коронавирусот, за следниот ден да може мерките да ги критикуваат, еднаш бараат поголема помош за граѓаните погодени од ковид, потоа помошта што ја обезбедува власта ја омаловажуваат, бараат седница посветена на ковид состојбата, а од телефоните се чекираат за протест во Скопје. ДПМНЕ “се грижи” за здравјето на граѓаните само кога им одговара во дневно политичките калкулации. Тоа не е политика. Ниту политиканство. Тоа е чисто лицемерие, на сметка на маката на граѓаните. А, за работата на јавните претпријатија… Да останеа на последната седница на Советот на Општина Битола, ќе слушнеа се што треба да знаат за нивното работење. Секако немаше да разберат како јавните претпријатија во Битола се со позитивни салда, како ја прошируваат својата дејност, нудат повеќе и подобри услуги за граѓаните, без притоа да го оштетат ќесето на претпријатието или општинската каса. Барем ќе слушнеа дека претпријатијата може да имаат и ненаштимани завршни сметки, да бидат во добивка и покрај здравствено – економската криза што ја погоди државата. Но, домаќинското и одговорно менаџирање со јавните претпријатија во Битола е туѓо за ДПМНЕ. Веројатно за да не се чуствуваат како паднати од Марс, и ја напуштија седницата, а не од што многу им е грижа за ковид состојбата во Битола. Наместо небулозни обвинувања, можеби е време ДПМНЕ да размисли конечно, после повеќе од една година од почетокот на пандемијата, да одржи прес конференција на која ќе ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од ковид. Така, барем декларативно, ќе може опозициската партија да се вброи во чинителите кои се обидуваат да помогнат во справувањето со кризата. Се останато е чист популизам“ стои во реакцијата на СДСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*