Don't Miss
Home / Вести / Се одложи судењето за Транспортер 2

Се одложи судењето за Транспортер 2

           

            Во ситуација кога сеуште не донесена правосилна пресуда за случајот Транспортер деновиве почна судењето на  инволвираните во случајот со автобускиот превоз Транспортер 2.

            Но судењето з аовој случај не се одржа бидејки еден од обвинетите имал мозочен удар,а  екс секретарот на Општината Слободан Бончановски бил позитивен на ковид 19.

             Инаку  во случајот Транспортер 2  обвинети се  екс  градоначалникот на Битола Владимир Талески и уште пет други лица.и  се однесува на распишан тендер за избор на најповолен понудувач за превоз на ученици во учебната 2015/2016 година, соопшти МВР.

Според  обвинението  шестмината, вработени во Општина Битола, се сомничат за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.

 Според извештајот, пријавените на Општина Битола и причиниле материјална штета од 4.321.388 денари со тоа што не ја поништиле постапката за избор на најповолен понудувач, иако во тендерската постапка констатирале дека понудените цени за превоз на ученици во учебната 2015/16 се многу повисоки од реалните цени на пазарот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*