Don't Miss
Home / Вести / Се одржа недела на енергетската ефикасност

Се одржа недела на енергетската ефикасност

Општината Битола во рамките на проектот за подобрување на енергетската ефикасност фиинансиран од Европската Унија и фондовите на земјите учеснички, во рамки на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за погранична соработка „Грција – Република Северна Македонија 2014-2020“, денеска  организира недела на енергетска ефикасноство Општина Битола,

Првиот ден од Форумот  се расправаше за  „Трендовите во енергетската ефикасност во Република Северна Македонија“.

        -Преку проектот не се изведуваат само градежни зафати во спортската сала „Боро Чурлевски“, каде директно извршивме имплементација и дадовме еден импут, додадена вредност во енергетската ефикасност во објект на Општина Битола, туку со ова покажуваме дека имаме и еден интегриран сериозен пристап на се што понатаму треба да се случува. Оваа седмица ќе имаме можност експерти да ги искажат своите размислувања. Во рамките на проектот е обезбедено и софтверско решение за следење на објектите, зашто секогаш кога имаме влезни податоци кои можат да се анализираат, тогаш навистина имаме реални можности да дадеме најподобен одговор за тоа како треба да реагираме во функција на подобрување на енергетсњката ефикасност. Енергијата ниту се создава, ниту се уништува, таа само се трансформира од еден облик во друг, а нам како на човештво ни е должност се што ќе преземеме за трансформацијата на енергијата, да биде бенефит за сите нас“, рече градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска.

„Фондацијата Гаус институт за нови технологии, иновации и трансфер на знаење од Битола беше избрана за коорганизатор на настанот, но исто така и да изработи софтвер за следење на енергетската ефикасност на јавните објекти сопственост на општина Битола. Со него за кој утре ќе се врши обука на вработените од установите кои се во надлежност на Општина Битола, сите сметки, трошоци што ги имаат училиштата, градинки, општинската зграда ќе се внесуваат и ќе се следат. Исто така направена е и корелација со инвестиците во тие објекти. Во рамките на проектот „Бенефит“, општината заедно со ЈП за урбанмизам ги мапираа сите објекти во нивна сопственост од аспект на нивните перформанси. Потоа на менаџерите во општината ќе им биде полесно да одлучат каде треба следно да инвестираат , да видат каде се најголеми трошоците за енергија во установите под нивна надлежност, но и да видат дали има неодговорно работење. Доколу се извршила инвестиција во некоја установа, а понатаму софтеверот ги идентификува со високи трошоци значи некој неодговорно се однесува, па ќе може да се реагира, истакна проф. д-р Игор Неделковски, од Гаус институтот.

        Третиот ден ќе биде Ден на идеи на тема: Енергетска ефикасност и животната средина.

      Четвртиот ден е наменет за најмладите.

Деца од основните училишта преку интерактивна работилница ќе учат и творат во Градскиот парк во Битола на тема: Што е тоа енергетска ефикасност?. Неделата на енергетска ефикасност ќе се затвори во петок со организирање на Отворен ден на проектот БЕНЕФИТ и презентација на реализираното во рамките на проектот Бенефит пред јавните медиуми и други засегнати страни. При тоа планирана е посета и презентација на реконструкцијата на Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*