Денеска во Битола, под покровителство на локалната самоуправа се одржа традиционлната, четврта по ред атлетска трка “ Трчај бе“, на која зедоа учество над 1.400 атлетичари од 15 земји од светот.
Стартот на трката го означи градоначалникот на Битола, Тони Коњановски
На трката зедоа учество атлетичари од 15 земји во светот, како и домашни вљубеници во трчањето, кои трчаа на трите патеки долги пет, десет и 21 км низ Битола.
По завршувањето на трката се одржа дополнителна музичка програма на која настапи групата „Љубојна.