Don't Miss
Home / Македонија / Се огласи Каролина: Немам намера да го тужам Град Скопје

Се огласи Каролина: Немам намера да го тужам Град Скопје

По објавите во дел од медиумите дека менаџерот на Каролина ќе го тужи град Скопје поради откажување на новогодишната прослава на плоштад Македонија, преку социјалните мрежи се огласи лично пејачката.

-Би сакала да се оградам од некои наводи дека јас, како Каролина Гочева имам намера да го тужам Град Скопје за откажувањето на Новогодишната прослава. Баш напротив, сметам дека е добро што парите се пренаменети за некој на кој тоа му е потребно и како и во многу други прилики сум тука да помогнам. Значи, уште еднаш, за сите шпекулации на темава, јас не учествувам и нема да учествувам во никаква тужба, пишува пејачката на социјалните мрежи.

На дочекот на Новата 2017 на плоштадот Македонија граѓаните требаше да ги забавуваат Каролина Гочева, Миле Кузмановски и Слаткар.

Град Скопје денес преку соопштение ги информираше граѓаните дека ја откажува прослава и средствата коишто беа планирани за организирање на дочекот и се во износ од околу 2 милиона денари ќе бидат донирани во социјални цели.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*