Со цел да ги намалат трошоците кои претходно општината Битола ги плаќаше за осветлување на градот, на иницијатива на градоначалничката м-р Наташа Петровска Советот на Општината донесе одлука со која од пред неколку месеи одржувањето и сервисирањето на уличното осветлување на Битола наместо приватен концесионер како дотогаш да го врши јавното комунално претпријатие „Комуналец“ .
Дека таквиот потег на општинското раководство се покажа како полн погодок најдобра потврда се резултатите кои деновиве беа презентирани за состојбата со уличното осветлување во Битола во изминатите 6 месеци.
– Деновиве, по неколку месеци интензивна активност целосно го заокруживме прстенот околу градот со поставување на нови лед светилки. За само неколку месеци во Битола се поставени 800 големи булеварски лед светилки. Тие главно се поставени на главните сообраќајници околу т.н. прстен на градот, почнувајки од улиците од кај кружниот тек кај Дулието, преку поранешната сообраќајница „Иван Милутиновиќ“, Бул. 1-ви Мај, „Васко Карангелески“, „Партизанска“, поранешната „Иво Лола Рибар“, пред автобуската и железничката станица, ул. „4-ти Ноември“, „Прилепска“, но и во центарот на градот, а неодамна се започна и со поставување на лед светилки и на влезовите за Битола. Истовремено се заменија и 800 улични светилки во помалите улици, со нови мали лед светилки, во централното градско подрачје, но веќе опфатот се проширува и кон другите делови на градот, истакнува првиот човек на ЈП “ Комуналец ‘“ Панде Богоевски.
Паралено со смената на уличното осветлување во градот со лед светилки , со кои во голема мера се подобри осветлувањето на Битола, по повеке од 40 години во изминатиот периот се сменети и светилките на канделабрите во наслебите , кои години наназад стоеја неосветлени и во крајно лоша состојба. Сега, на голема радост на граѓаните канделабрите се заменуваат со нови конусни фенери, кои ја рефлектираат светлината. Поставени се 300 нови фенери на канделабрите во населбите „Карпош“, „Кланица“, „Стрелиште“ , „Ремо“ до „Довлеџик“, истакнуваат од “ Комуанелц “.
Инаку поставeните, булеварски лед светилки имаат сопствен режим на работа со кој во текот на ноќта, 4 пати се менува процентот на ангажираната моќност на светилката, со што се предизвикуваат нови дополнителни заштеди.
Само за споредба со новопоставените лед светилки, не само што се подобри осветлувањето на градот, бидејќи наспроти старата јачина на светлост од околу 10 лукса, сега јачината е 70 лукса, а потрошувачката наспроти поранешните 300 вати сега е 100 вати, во голема мера се зголемија заштедите.
Тоа што посебно радува е што сегашните лед светилки наместо поранешните, кои имаа трајностод само 3 години имаат трајносто од 15 години.
Со смената на обичните, со лед светилики покрај тоа што се подоброи освтелувањето во градот се оставрија и големи заштедти.
– За јавното осветлување во Битола од страна на Општина Битола беа обезбедени 13 милиони денари, или над 210.000 евра.Анализата која деновиве ја направивме покажа дека сите тие средства се реализирани, со тоа што по смената на обичните сијалици со лед само по основ на одржување имаме заштеди од 2 милиони денари, додека по основ на потрошувачка заштедата изнесува 5 милиони денари. Тоа значи дека за првите 6 месеци досега имаме заштеда од над 7 милиони денари, односно над 113.000 евра.
Овие заштеди ќе бидат инвестирани и целосно вложени во дополнителни зафати во осветлувањето. Во иднина, се очекува дополнителната заштеда на средства во делот на одржувањето и набавките на светилки, поради многу подолгиот век на траење на лед светилките, истакнува градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска.