По речиси една година откако си поднесе неотповиклива оставка конечно дојде до смена на раководната позиција во индустриската зона “ „Жабени “
На местото на сега веќе екс директорот Александар Марковски, за вд. директорка на Зоната, според информации на Нова Македонија именувана е Анита Крстевска.
Александар Марковски речиси една година имаше поднесено оставка, која општинското раководство долго време пролонгираше да ја прифати.
Инаку во индустриската зона “ Жабени “ иако беа најавени голем број инвестиции, како на домашни така и на странски компании сеуште нема изградено капацитет ниту еден друг инвеститор, освем големиот индустриски гигант “ Кромберг и Шуберт“, која се изгради во времето кога градоначалник на Битола беше, Владимир Талески.