Don't Miss
Home / Култура / Со две монодрами на актери од Ерменија и Македонија продолжува фестивалот на монодрама

Со две монодрами на актери од Ерменија и Македонија продолжува фестивалот на монодрама

Со две нови монодрамски остварувања на актери од Ерменија и Македонија кои вечер ќе бидат иведени во битолскиот Центар за култура, продолжува Интернационалниот фестивал на монодрама.

Претпоследната фестивалска вечер ќе ја отвори Нора Бадалијан актерка од Државниот куклен театар од Ераван, Ерменија. Бадалијан ќе ја изведе монодрамата „Ни повеќе, ни помалку“ од Алдо Николај во режија на Хрипсиме Шахинијан.

Во конкуренција за награди е и актерот Трајче Јованов од Дом на млади од Штип кој ќе ја изведе монодрамата „Чекачот“ чиј автор и режисер е Трајче Кацаров. Инаку, надвор од конкуренција, само за публиката и гостите на фестивалот ќе биде изведена претставата „Жени од подземјето“ според Еврипид, Софокле и Есхил, во режија на Андреј Цветановски.

Осумнаесеттото издание на Интернационалниот фестивал на монодрама завршува утревечер со изведба на монодрамата „Се на масата“ на бугарскиот актер Васил Дуев, а фестивалската завеса ќе ја спуштат актерите од Театар Комедија од Скопје, кои во чест на наградените ќе ја изведат претставата „Случајот Хармс“ од  Даниел Хармс во режија на Дино Мустафиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*