Денеска ВМРО ДПМНЕ Битола на плоштадот “ Гоце Делчев “ организираше собирање на потписи против Законот за попис.
Според опозицијата ова се прави заради тоа што власта насилно и нетранспарентно го туркаше законот за попис, злоупотребувајќи европско знаменце и во онака скратената собраниска постапка, владеачкото мнозинство ги одби сите 40 закони кои ВМРО-ДПМНЕ конструктивно ги предложи да го подобори законскиот текст.
Според опозицијата партиите од власта веќе почнаа да лицитираат со бројки, проценти и резултати што само ја руши и онака малата веродостојност на процесот, имајќи предвид дека власта на Заев многу пати досега покажала дека е склона кон фалсификати и дека на пописот по стандарди на Заев се предвидува да се попишуваат лица нерезиденти кои се иселени од Македонија, велат од битолската ВМРО ДПМНЕ.
Од ВМРО ДПМНЕ велат дека ке собирата потписи секојд ден од 12 до 15 часот.