Don't Miss
Home / Вести / Соопштение од Генералниот конзулат на Бугарија во Битола

Соопштение од Генералниот конзулат на Бугарија во Битола

На 14 ноември 2021 г. ќе се одржат избори за претседател и потпретседател на Република Бугарија, заедно со вонредни парламентарни избори.

Во врска со претходно наведеното Амбасадата на Република Бугарија во Скопје и Генералниот конзулат во Битола праќаат покана до сите бугарски државјани, кои поседуваат важечки документи и живеат во Република Северна Македонија да гласаат во изборните места, коишто ќе бидат отворени во различни градови на државата, како што следува:

– во гр. Битола,  на адреса: бул. 1-ви мај” № 53;

во гр. Кавадарци, на адреса: ул. Никола Минцев” ББ /х. „Уни Палас 1”;

– во гр. Охрид, на адреса: кеј Македонија” № 2 /ресторант „Белведере”, сала 2/;

– во гр. Прилеп,  на адреса: бул. Гоце Делчев” № 18, /Центар за современа ликовна уметност, Дом на културата „Марко Цепенков” – Прилеп/;

 – во гр. Скопје ќе се гласа во зградата на Амбасадата на адреса:  ул. Златко Шнајдер № 3;

– во гр. Штип ќе се гласа на адреса: ул. „Партизанска” 52/А-44;

– во гр. Струмица, на адреса: ул. 22 Декември” № 8.

        Изборите ќе се одржат со одобрение и соработка на официјалните надлежни институции на Република Северна Македонија во временскиот интервал од 07,00 до 20,00 часот на 14 ноември 2021 г.

        При евентуален втор круг на избори за претседател и потпретседател на 21 ноември 2021 г., местата и временскиот интервал за гласање остануваат без промена.

        Може да се гласа со документи за идентификација (лична карта или пасош), како и со документи, на кои важноста им измина после 13 март 2020 г. без да бидат обновени со нови.

Гласањето е уставно право на секој бугарски државјанин.

                               Генерален конзулат на Бугарија

                                               Битола

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*