Екс сопственикот на ТВ Орбис, која неодамна отиде во стечај, откако ја згасна една од најпрофитабилните локални телевизии во Битола, која за време на владеењето на Никола Груевски оствaруваше енормно големи приходи, реши да се преорентира во друг бизнис.
Сега тој, наместо со новинарство, според извори на порталот на Битолски весник се занимава со градежништво и гради згради во Охрид.
Чудно е како човекот кој немаше пари да ја одржи телевизијата и на вработените да им исплаќа редовно минимални плати, оддеднаш, откако ја ликивидира телевизијата, најде средства да гради станбено деловни згради.
Многумина сметаат дека тој намерно ја пуштил телевизијата во стечај за да се прави жртва на Владата на Заев.
Инаку покрај ТВ Орбис во стечај по смената на власта замина и телевизија Мега, која исто така беше блиска до власта на ВМРО ДПМНЕ.
Но надлежните државни и општински институции ни за ТВ Орбис, ни за ТВ Мега досега не утврдија колку пари “ заработија “ овие две телевизии од средствата кои ги добиваа од реклами како и општинскиот и државниот буџет, кои беа мошне галнатни спрема ТВ Орбис и спрема ТВ Мега, кога се појави на медиумскиот простор во Битола.