ЈП “Комуналец” Битола о советниците на Советот, како од власта, така и од опозицијата, се за комунален ред во градот, во кој точно се знае каде се поставува било кој тип на урбана опрема во која спаѓаат и корпите за отпадоци за подигнување на смет. Хаотичното поставување на урбана опрема на своја рака , како што тоа неодамна го направија советниците од независната листа “Поинаку “ не може да биде дел од организиран, интегриран систем на управување со отпад.
Во комуналната сфера не смее да има безредие и треба да се почитуваат одлуките кои советнците самите ги донеле, а тоа е комуналниот ред во градот и сите активности, иницијативи и идеи на граѓаните треба да се координараат со ЈП “Комуналец” е заклучено на заедничката средба на раководството на ова комунално претпријатие со советниците на Советот на Битола.