Советниците кои до пред 8 месеци беа дел од претходната локална власт, заборавија на хаосот кој зад себе го оставија.
Ова го изјави денеска на прес конференција советничката Марица Тодоровска од ВМРО ДПМНЕ, како реакција на вчерашната прес конференција на СДСМ.
-Заборавија на задолжените и нефункционални јавни претпријатија, не реализираа ниту една инвестиција за поубава, почиста и економски развиена општина. Заедно со нивните соработници од централната власт, продолжуваат да удираат врз темелите на државата, притоа дефокусирајќи ги граѓаните со дополнителни силни удари, изразени преку енергетската и економска криза, која наместо да ја менаџираат, ја продлабочуваат.
Само за потсетување: Сеуште се санираат состојбите во ЈП Комуналец, претпријатие кое минатата година ја заврши со загуба од над 8.000.000 денари, оставено дури и без средства за плати на вработените. Јавното претпријатие Жабени пак, денес е партнер на општината во решевање на проблемите со високата цена на електричната енергија, наспроти неодамна затекнатата нестабилна финансиска состојба, големите долгови кои десеткратно ја надминуваа затекнатата сума на сметката на претпријатието, ненаплатените побарувања и неможноста за исплата на плати.
Почитувани од СДС, Граѓаните не забораваат што направивте, а и денес се сведоци на вашето лицемерие. Лагите и Вашето непознавање на административните процедури, кои сакате да ги прикажите како неодговорност на локалната самоуправа, дополнитело ја потврдува Вашата желба за манипулирање со граѓаните. За разлика од Вас, локалната самоуправа предводена од градоначалникот Тони Коњановски, делува конструктивно, а јавните претпријатија ќе продолжат непречено да функционираат. Вашите желби, долговите кои ги направивте и кои индиректно продолжувате да ги создавате, да ги платат граѓаните, нема да ви успеат.
Почитувани советници од СДС, Битола, конечно има градоначалник на сите граѓани. Наместо да шпекулирате и манипулирате, покажете идејност и добронамерност и почнете конструктивно да соработувате“ рече Тодоровска.