Советот на општина Битола на денешната седница, како што изјави претседателот на Советот Валентин Груевски, донесе заклучок со кој ќе бара од надлежното обвинителство да го преиспита судскиот предмет за реновирањето на старскиот дом во Битола, а за што градоначалничката Петровска неодамна рече дека тоа е уште еден финансиски товар за општината од претходната локална власт, кој ќе ја чини општината 300.000 евра.