Don't Miss
Home / Вести / Спасен бајкер од Битола кој се повредил на Пелистер

Спасен бајкер од Битола кој се повредил на Пелистер

                  

          Бајекр од Битола, на возраsт од  25 години е спасен благодарение на брзaта и правoвремена интервенција на тимот за спасување при Дирекцијата за заштиtа и спасување.

 Бајкерот   тешко  се повредил  во месноста викана “Широка“ во Националниот парк Пелистер,  откако со својот велосипед во еден момент изгубил контрола и паднал по  стрмната патека, при што  се здобил со тешки повреди на  главата и рацете.

По паѓањето бајкерот  паднал во безсознание  и во таа состојба бил извлечен. По несреќата која се случила вчера околу пладне  неговите другари, со кои возел  се јавиле за помош во  тимот за спасување на планина, при Дирекцијата за заштита и спасување.

Петар Нолев одговорен на тимот вели дека на местото на несреќата пристигнале за 30- тина  минути, пружиле прва помош и извршиле имобилизација на повредениот, кој со џип теренско возило бил пренесен до  Брзата помош и до  Битолската клиничка болница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*