Сливница на Преспанското Езеро, деновиве, доби еден исклучителен угостителско-туристички центар. Сопствениците на познатите бренд кафулиња во Битола “Конект“, деновиве во Сливница, на Преспанското Езеро, на спектакуларен начин, во присуство на над 7.000 гости официјално го пуштија во употреба, туристичкиот комплекс “Конект бич“.
Според сите присутни на свеченото отворање, како и големиот број гости, кои во изминатите неколку дена имаа можност да го посетат “Конект бич“, се работи за исклучително репрезентативен угостителско-туристички комплекс, каков што нема не само на брегот на Преспанското Езеро, туку и во блиското соседство.
Комплексот “Конект бич“ кај Сливница, кој чинеше над 600.000 евра, располага со ресторан за над 360 гости, потоа рибен ресторан со капацитет од 90 седишта, репрезентативно кафуле, кое располага со капацитет за 450 гости, како и други придружни објекти, кои овој коплекс го прават исклучителен.
Покрај прекрасните ресторани и кафулето, тоа што особено ги (из)радува гостите, не само од Ресен, или Битола, туку и од другите градови во државата и странство, кои секој слободен момент го користат да го посетат “Конект бич“ кај Сливница, е што комплексот располага и со 1.000 лежалки, така што секој гостин, кој сака да се разладува на Преспанското Езеро може да има во секое време лежалка, потоа 30 т.н.”шеички лежалки“, платформа со над 40 луксузни и модерни топки фотејли за лежење, кои се посебно во тренд кај младите, тоалети на самата плажа, две игралишта за деца, две игралишта за одбојка на песок.
Туристичкиот комплекс “Конект бич“ располага и со сопствен паркинг, кој е бесплатен за 2.000 возила, како и посебен паркинг за гостите кои во овој туристички комплекс доаѓаат со мотори или велосипеди.
-Со отворањето на овој комплекс “Конект бич“ се реализира една наша дамнешна желба да го вратиме стариот сјај на Претор и на Преспанското Езеро, но со нови и модерни содржини. Мислам дека “Конект бич“ ќе биде место коешто во текот на летото, а и во другите месеци ќе биде најпосетувано туристичко место на Преспанското Езеро и дека со сите содржини кои ги има во комплексот ќе ги задоволиме сите вкусови за сите генерации и возрасти на гости и туристи. Тоа што ние од наша страна можеме да им го ветиме на гостите е дека во секој момент услугата ќе биде на завидно ниво и дека гостите ќе немаат можност да се пожалат на било што, бидејќи се ние што направивме е тие да бидат задоволени, ни рекоа сопствениците на “Конект“.
Инаку, отворањето на “Конект бич“ помина во незаборавна и спектакуларна атмосфера.
На свеченото отворање присуствуваа над 7.000 гости, а за убавото расположение се погрижија познатите естрадни ѕвезди Ален Хасановиќ и ди-џејот Дн Ди, а забавите продолжуваат.
Б.В.