Don't Miss
Home / Вести / Спонзорот на бугарските клубови во Битола и Охрид со финансиска помош за битолското детско ликовно студио

Спонзорот на бугарските клубови во Битола и Охрид со финансиска помош за битолското детско ликовно студио

Бугарскиот бизнисмен Милен Врабевски, кој ги финансира бугарските клубови во Битола и Охрид, финансиски го помогнал и Детското ликовно студио ,,Свети Кирил и Методиј” во Битола.

Веста дека вчера тој го посетил и финансиски го помогнал студиото е објавена на страницата на неговата Фондација ,,Бугарска меморија”,а ја објавипорталот на неделникот Фокус.

Според Фокус Основачот и претседател на Фондацијата ,,Бугарска меморија” ги посети нашите пријатели од Детското ликовно студио ,,Свети Кирил и Методиј” во Битола, и финансиски го помогна здружението. Потсетуваме, неодамна Република Северна Македонија ја запре државната субвенција на студиото. На лето учениците цртаа во Пловдив и Софија, финансирани од д-р Врабевски, а сега им претстојат нови посети во Бугарија и Брисел, организирани и финансирани од него – објави Фондацијата.

И Славчо Неделковски од битолското студио ја потврди веста дека д-р Врабевски е нивни соработник и партнер, кој вчера ги посетил, и јавно му се заблагодари на поддршката.

-Во посета на Детско ликовно студио ,,Свети Кирил и Методиј” Битола денес беше нашиот соработник и партнер во реализацијата на најновата детска ликовна колонија во Бугарија – Претседателот на Фондацијата ,,Бугарска Меморија” – Милен Врабевски. Врабевски го посети студиото информирајќи се од прва рака за проблемите со егзистенцијата на 55 годишната организација кои ги наметна Министерството за образование и наука на Северна Македонија.

При кратката посета беше истакнато дека по учеството на ученици од приватното школо на Врабевски на ,,Мал Битолски Монмартр 2022″ и организацијата на ,,Малиот Монмартр во Пловдив 2022″ соработката преминува во трајно партнерство

Претседателката Хаџи-Антоновска и Претседателот на Управниот Одбор Неделковски се заблагодарија на Врабевски што во овие пресудни времиња на дело ја манифестира поддршката кон младите талентирани ликовни уметници сметајќи дека дневно политичките теми не се опција за овие ученици, а пријателството со сите свои врсници од цел свет е нивна есенцијална потреба.

Беше договорена и посета на 15 ученици од Детско ликовно студио ,,Свети Кирил и Методиј” Битола на Брисел кои лично ќе се запознаат со работата на Европскиот Парламент & Европската Комисија како и Советот на Европа

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*