Ова треба да биде нова реалност за спортска Битола!
На ова се согласивме денеска на средба со претставници на дел од спортските клубови кои се бренд на Битола. Во наредните денови ќе се сретнеме и со останатите.Дискутиравме за стратешките проблеми со кои се соочуваат, но и оние технички проблеми во однос на кои веднаш може да се интервенира и да се решат.
Моето мото е да се има волја да се решат проблемите во спортот!
Стојам на располагање на сите спортски клубови, за секаква помош и соработка.
Нема успешен град, ниту космополитиски град, без успешен спорт!“-изјави кандидатот на СДСМ, Христо Кондовски по средбата со битолските спортски работници.