Don't Miss
Home / Uncategorized / Спуштена завесата на културното лето “Новаци 2019“

Спуштена завесата на културното лето “Новаци 2019“

Синоќа пред околу 1.500 посетители, на спектакуларен начин  со одржување на фестивалот “Избор на летен фолк хит на Македонија 2019“ и концерт на Јордан Митев, во Новаци заврши манифестацијата културно-забавното лето “Новаци 2019“.

Оваа година културното лето “Новаци 2019“ се одржа на 7 локации во Општинат: с.Градешница, с.Бач ,с.Гермијан ,с.Добромири , с.Г.Агларци , с.Новаци и излетничкото место Коњарка.

Годинава културното лето “ Новаци 2019 “ го следеа околу 4.500 посетители, кои ги проследија вкупно 10-те културни настани од програмската содржина на културно забавното лето на кои учествуваа десетици естрадни уметници , ансамбли , културно-уметнички друштва , актери –хумористи и детски музички звезди.         Културно-забавното лето “Новаци 2019“ ги оправда очекувањата   Не само што низ своите програмски содржини  имаше забавен карактер, туку манифестацијата доби  предзнак на манифестација  која се залага за зачувување на македонските културни вредности , традиции и обичаи.

На затворањето на културно забавното лето  “ Новаци 2019 “имаше посетители од цела Пелагонија и пошироко како и наши иселеници од дијаспората.

 Прогласувајќи ја Манифестацијата за затворена, градоначалникот на Новаци, Љубе Кузмановски истакна:

Како локална самоуправа се надеваме дека со  богатиот репертоар на културни настани  го подигнавме  нивото на културно живеење на граѓаните на Општина  Новаци. Општината  и Советот  како покровители на  манифестацијата даваат силна поддршка  ќе продолжат и во иднина финансиски да го поддржуваат културното Лето  , во интерес на граѓаните .Се надеваме дека оваа манифестација ќе стане своевиден бренд,  која секое лето  ќе придонесува за културно освежување и можност граѓаните токму во своето место на живеење да доживеат една поинаква културна манифестација. Воедно овозможивме и рамномерен локален културен развој .Богатата и разновидна програма допре на секаде и до секого дури и до граѓаните во најоддалечените населени места  и го промовиравме мотото на Министерството за култура –култура до сите и за сите .

Во двомесечната културна програма  организаторите се потрудија  да ги задоволат вкусовите на сите генерации на граѓани  што дава поттик традицијата на одржување да продолжи и во иднина  “-истакна градоначалникот Кузманоски.

Инаку синоќа, по завршувањето на културнпто летп “Новаци 2019“ се одржа фестивалот “Избор на летен фолк хит“ на Македонија за  2019, на кој  учество зедоа познати естрадни уметници и музички групи меѓу кои Јордан Митев ,  Ирена Спасовска , Марјан Коцев , Елена Јовческа ,Стојне Николова, Благоја Стојановски-Туше ,Дарко Билбиловски , Ташко Каранфиловски, Ванчо Тарабунов, како и музичките групи Милениум , Црешово топче и Маестрал .

Фестивалот имаше ревијален карактер и публиката гласаше за Летен хит на Македонија .

Од гласовите на публиката  победник на овогодинешното издание на Избор на летен фолк хит на Македонија  е групата Маестрал, со нивната авторска песна “Отвори мајко порти широко“ Второто место го освои Марјан Коцев со  песната “Ти само ти“,  а на трето место со гласовите на публиката се пласираше Стојне Николова со песната ‘Око мое“ .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*