Don't Miss
Home / Вести / Србија и Косово во Белата куќа ги нрмализираа односите

Србија и Косово во Белата куќа ги нрмализираа односите

Српските медиуми пренесуваат дека во Белата куќа е потпишан економски договор меѓу Белград и Приштина. Асистентот на американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека Србија и Косово во Вашингтон потпишале договор за економска нормализација.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, стигна во Белата куќа во 17 часот по средноевропско време.

Приштинската делегација пристигнала околу 17 и 38 часот.

По потпишувањето на договорот, во Овалната соба Трамп ќе одржи краток состанок со Вучиќ и косовскиот премиер, Авдулах Хоти, објавија српските медиуми.

Трамп требаше да одржи состанок со Вучиќ и Хоти во 17 часот, но приштинските медиуми објавија дека Хоти доцнел по предупредувањата од Приштина дека Владата ќе падне ако договорот биде потпишан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*