Денеска по отворањето на Офицерскиот дом дојде до средба на кандидатот на СДСМ за градоначалник, Христо Кондовски и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битичи.
Во изјавата за медиумите Кондовски истакна:
-Добив уверување од вицепремиерот Фатмир Битиќи дека Владата и понатаму силно ќе ја поддржува новата локална администрација на Битола !
Создавање на поволна клима за домашните, пред се, локалните инвеститори и привлекување на нови странски инвестиции во градот значително ќе го зголеми економскиот развој на Битола. Тоа е приоритет кој се наоѓа високо на мојата и на агендата на македонската Влада .
Со вицепремиерот поразговаравме и за досегашните вложувања на Владата во Општина Битола, како и за проектите кои чекаат за реализација и можностите новата локална самоуправа да ги достигне проекциите за раст и развој.На крај, со вицепремиерот го споделивме задоволството од имозантната слика на реставрираниот Офицерски дом. Неговиот кабинет беше директно вклучен во целиот процес за што Битола и битолчани му се особено благодарни !
Успеавме овој монументален објект да го зачуваме за граѓаните на Битола.
Сега е време сите битолчани да уживаат во примената на овој архитектонски градски бисер !рече Кондовски