Управата на фудбалскиот клуб „Пелистер“, заедно со навивачката група „Чкембари“ и градоначалничката на општина Битола Наташа Петровска денеска се сретнаа за изнаоѓање решение по проблемите настанаа со Фудбалскиот клуб „Пелистер“, дознава Битолски весник. Се бараат 2 милиони да се исплатат за одблокирање на сметката и плати. Се бара и итно одржување на седница на Советот на општина Битола.
Инаку претходно, Советот преку веќе донесената програма имаше предвидено средства за фудбалскиот клуб „Пелистер“, а досега се исплатени 8 милиони денари. Исплатата на средба беше планирано да се одвива квартално.
Итно е свиката и Комисијата за спорт по одржаната срредба.
На ФК „Пелистер“ му се заканува отфрлање од Прва лига откако ФФМ испрати ултиматум до клубот, кој пак треба да пријави 12 професионалци.