Don't Miss
Home / Вести / Средба на градоначалникот Коњановски со амбасадорот на Република Казахстан Буршаков

Средба на градоначалникот Коњановски со амбасадорот на Република Казахстан Буршаков

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес оствари средба со Амбасадорот на Република Казахстан, н.е. Сатибалди Буршаков.

Новоотворената амбасада на Република Казхстан во Скопје, функционира од мај годинава, а на денешната средба беше изразен взаемен интерес за понатамошно продлабочување на економската и културна соработка меѓу двете земји.

Градоначалникот Коњановски го запозна Амбасадорот со проектите што ги реализира Општината Битола, природните ресурси и приоритетите на соработка во полето на странски инвестиции, култура, туризам, производство и трговска размена.

Амбасадорот Буршаков, говореше за забрзаниот раст на својата земја во градежништвото, енергетските ресурси и производство и извозот на храна како двигатели на економијата не само во неговата земја, туку и во регионот на Централна Азија.

Н.Е. Буршаков, ја истакна важноста на мултиетничкото живеење во полето на културата, туризмот и креирањето на политики, изразувајќи желба за отворање на конзуларно претставништво во Битола и покренување инцијатива за збратимување на Битола со град од Казахстан со цел економизирање на постоечките ресурси на двете земји и започнување на заеднички идни културни манифестации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*