Во Битола вечерва стартува четвртото издание на „Џез фактори“ фестивалот чија програма ќе биде изведена во Битолскиот театар и кафе-барот „Порта џез”.
На фестивалот ќе настапат реномирани имиња од џез сцената во регионот и светот.
Фестивалот „Џез фактори“ ќе го отворат Васил Хаџиманов, Мартин Ѓаконовски и
Александар Секуловски. Програмата продолжува наредниот ден со настапот на
Пеѓа Милутиновиќ и Драмбути квинтет, а на третиот ден ќе настапат Хјуман тач и Филип Динев трио.
Во рамките на фестивалот ќе се одржи хибридна конференција на која ќе зборуваат Винко Михајловиќ, директор на џез фестивалот во Петровац, Драган Влајниќ директор на џез фестивалот во Кикинда, Ема Попивода, пијанист и директор на фестивалот „Модоарс“, Бојан Стефковски, директор на фестивалот „Џез фортнајт“, Арлет
Ховинга, џез прес промотер и медиумски директор на „Дет џез гирл“, Симон Петерман, музички директор и радио презентер , Роби Јамник, директор на фестивалот „Џез Равне“.
Воедно ќе биде приредена и изложба чиј автор е фотографката Татјана Ранташа, а во Порта џез со свој диџеј сет ќе се претстави Јордан Николов.