Don't Miss
Home / Вести / Стартуваше фестивалот “ Битола отворен град “

Стартуваше фестивалот “ Битола отворен град “

Деветнасететото издание на фестивалот „Битола отворен град“ ќе стартува утре вечер во античкиот локалитет Хераклеја со настапот на бендовите „Pluto’s Doubts“,„Фолтин“ и „Суперхикс“.

Во сабота во Пазио од 21 часот закажани се концерти на „Вел“, а Mooger Fooger заедно со Горан Трајковски ќе го презентираат најновиот албум за кој критичарите велат дека претставува аголен камен на новата македонска рок сцена.

„ Концертите ќе се одржат по сите протоколи за заштита од ковид-19. Билетите се беплатни, но со онлајн регистрација зашто бројот на присутни ќе биде ограничен поради пандемијата и мерките за заштита“, рече Сашо Додовски, директор на МКЦ кој го организира фестивалот.

Инаку фестивалот „Битола отворен град“ старуваше денеска со изложбата „Coolest dead people“ (Најкул мртви луѓе) на графичкиот дизајнер и илустратор Кристина Карапеоска.

„Изложбата е визуелизација на помалку познати факти на многу значајни ликови од историјата, па до денес, како што се Чарлс Буковски, Чарли Чаплин, Елвис Присли и други. Вечерва во Магаза ќе се одржи промоција на монографијата „Македонска дискографија-винили(1958- 2019)“ прв том на Тошо Филиповски кој ја има напишано и првата „Македонска рок енциклопедија“. Потоа, вечерта продолжува со диџеј Чико„, рече Маја Ангеловска од МКЦ.

Инаку, фестивалот “ Битола отворен град “ почна да се одржува од 2002 година. Во изминатите 18 изданија организирани биле над 200 културни настани со учество на повеќе од 500 млади уметници од над 40 земји во светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*