Don't Miss
Home / Вести / Степановски дециден: Лажните заштитници на бездомните животни на вчерашната седница претставуваа грешни бројки и нецелосни информации

Степановски дециден: Лажните заштитници на бездомните животни на вчерашната седница претставуваа грешни бројки и нецелосни информации

Горан Степановски директор на ЈП „Комуналец” Битола на денешното обраќање до јавноста истакна дека лажните заштитници на бездомните животни и состојбите во ЈП, на вчерашната седница на Советот на Општина Битола претставуваа грешни бројки и страшна манипулација.

Во врска со изнесените информации, сакаме изворно да ја информираме јавноста со вистински аргументи, а не извртени и нецелосни информации. Да започнеме со Хачико.
За храна за кучиња досега се потрошени помалку од 100.000 денари , а не 3.600.000 колку што изнесува вредноста на рамковната спогодба. За ветеринарни услуги со 5 економски оператори се искористени околу 1.000.000 до 31.12.2024 година, а не 3.600.000 денари. За четки за 4 возила – метларки се потрошени 240.000 а не 700.000 денари
-дециден е Степановски.

Тој демантираше уште една како што рече лажна информација на советниците од опозицијата.

За резервни делови по сите основи потрошени се 8.000.000 денари, а не над 20.000.000денари. За паркот од над 55 тешки и лесни возила потрошени се за масла и мазива, антифриз 1.500.000, а не 15.000.000 денари. Бројките се тие, ако тешко Ви е да разберете – сигурни сме дека граѓаните добро знаат да проценат-истакна во денешното обраќање до јавноста, првиот човек на Јавното претпријатие „Комуналец“ Битола, Горан Степановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*