Don't Miss
Home / Вести / Стевче Митревски, дописник на МРТВ:Битолски весник е еден од моите градски врсници

Стевче Митревски, дописник на МРТВ:Битолски весник е еден од моите градски врсници

Битолски весник и јас сме речиси врсници.Годинава јас одбележувам 60-сет години возраст, а најстариот локален печатен медиум од поновото време влегува во шестдеценискиот времеплов од печатањето на првото издание.

Симболиката не поврзува затоа што 40 години сум дел од битолскиот медиумски процтор, а Битолски весник бил и останал еден од основните буквари за битолското новинарство.

Имало падови и подеми, но генезата останала иста-да се биде хроничар на градот на конзулите во сите пори од неговото живеење.

Битола е една од ретките општини кој има свој локален весник, кој излегува еднаш неделно.Како вработен во тогашната РТ Скопје имав можност да почувствувам што значи Републички медиумски гигант. Е таков локален печатен медиумски гигант во регионални димензии сеуште е Битолски весник.

Илјадници напишани стории од неговите новинари за животот на битолскиите маала,за опшествено политичкиот живот преку културата па се до спортските збиднувања.Сето тоа поткрепено со фото документација што со право му го дава епитетот ,,Медиумски историски архив на градот,,.

Многу подоцна познати новинари во тогашните редакции на Весникот ги започнале првите чекори.Списокот е долг, а написите со нивните потписи ќе останат сведоци за на век за радоста и тагата за се она што се случувало во најградскиот град.За она што не мошеше да помине на националните медиуми тука беа тие да се регистрира и остави спомен и за секој помал настан.

Господинот читател секогаш во преден план, девиза од која до ден денешен не се отстапува.Токму преку нивниот глас Битолски весник ја оформи и негува  Манифестација ,,Избираме најуспешни  битолцани,,

Да потсетиме дека токму главниот и одговорен уредник Менде Младеновски беше “виновникот “ во Битола да се донесе легендарниот Ајри Демировски и да се исполни неговата желба  барем уште еднаш да ја прошета  неговата и моја Битола.

Но за да се информира навремено не се потребни само љубов и ентузијазам туку  и средства за да се опстане.

Она што тука го краси нашиов локален неделник е тоа што покажа жилавост и во најтешките моменти.

Додека  најмокните републички  весници згаснуваја тој со макотрпна работа и вонредни напори не дозволи Битолски весник да згасне.

Ова е само дел од моето видување за Весникот, хроничар на градот.

Локален печатен бренд кој не смееме да го изгубиме како некогашното Радио Битола.

Затоа ,со заеднички сили да ја продолжиме долговечноста на Весникот кој не е само збор на хартија, туку вистинска документација за животниот времеплов на градот со исклучително богата историска традиција во секој поглед.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*