Стевче Стевановски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, ја презеде градоначалничката функција во Општина Новаци. Денес имаше примопредавање на функцијата, а досегашниот градоначалник Љубе Кузманоски, кој како кадар на СДСМ го водеше Новаци во изминатите четири години, на Стевановски му посака успех во престојниот манадат.
„На состанокот денес со идниот градоначалник и советниците поразговаравме, испиеме едно кафе. Му посакувам среќа и успех во наредниот четири годишен мандат. Се надевам дека општината Новаци за четири години ќе ја видиме во многу подобро светло со многу подобри проекти. Останува времето да покажи дека во општина Новаци како на досегашниот, така и идниот состав на Советот целата ни е Новаци од рурална да ја направиме во урбана средина“, рече Кузманоски.
По заминувањето од градоначалничкото место, Кузманоски од први ноември се враќа на старото работно место во РЕК „Битола“.