Don't Miss
Home / Вести / Свечено одбележан јубилејот 50 години од ООУ Ѓорѓи Сугарев

Свечено одбележан јубилејот 50 години од ООУ Ѓорѓи Сугарев

Под мотото ,,Моето минато – моја иднина  во  Офицерскиот дом во Битола  ООУ “ Ѓорги Сугарев “  го одбележа својот златен јубилеј 50 години од основањето.

По тој повод се одржа свечена академија на која беше одбележан големиот јубилеј на ова основно училиште.

-Цели  5 децении бројни ученици и учители со гордост и со должна и признателна почит и пиетет го носеле и го носат името на својот патрон Ѓорги Сугарев.Ѓорги Сугарев, е еден лик кој остави траен белег во едно време и простор и прерасна во легенда уште за време на својот живот. Скромен по природа, тивок, а од друга страна интелегентен и разумен, решителен со цврста волја и карактер. Човек кој поради своите особини и пред се храброста станува дел од македонскиот фолклор и неговото име и дело трајно е вградено во колективната меморија на македонскиот народ.

Да се биде вработен во ова училиште е голема обврска, привилегија и пред се чест  вистински предизвик за секој просветен работник. Училиште богато со своите различности, постигнатите резултати како и квалитетот кој во себе го носи наставниот кадар.Горди на минатото, чекориме кон иднината.Денес ОУ “ Ѓорги Сугарев “со право може да се нарече современо училиште, училиште кое учи, кое се гордее со сето она што го прави, посебно со начинот како тоа го прави. Она што не прави посебно горди  е нашето лидерство во инклузивното образование и признанието за најдобра установа за заштита, образование и рехабилитација на децата со попреченост. Сите заедно  го правиме најдоброто што можеме, а децата го очекуваат тоа !
      Нашето училиште и во иднина ќе продолжи да ги обединува сите интересенти во процесот на јакнење на меѓуетничката интеграција, во борбата против сегрегацијата и ќе продолжи да го развива и надоградува процесот на инклузија, изјави  м-р директорот на училиштето Роберт Филиповски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*