Don't Miss
Home / Вести / Свечено отворен приватен старски дом “Софија“ во Битола

Свечено отворен приватен старски дом “Софија“ во Битола

Денеска во Битола , официјално беше пуштена во употреба Приватната установа за социјална заштита на стари лица „Дом Софија“.

Домот свечено во употреба го пушти градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.         

-Верувам дека со високите стандарди кои ги исполнува објектот, корисниците на оваа установа ќе имаат можност за удобно сместување, квалитетна услуга, но и исполнети денови.Со воведувањето и на други социјални услуги, како: дневен центар за активно стареење, семејно советувалиште и сервис за помош и нега во домот, бенефитите ќе може да ги почувствуваат многу граѓани од Битола, а сигурно и од регионот.

Оваа инвестиција, покрај што е особено важна за подобрување на социјалната заштита и здравствената нега на повозрасните сограѓани, истата има и позитивно економско влијание во општината, преку отворањето на нови можности за вработување.

Се надевам дека, овој и други успешни примери, ќе го следат и други инвеститори, кои ќе градат и развиваат нови капацитети и бизнис идеи во нашиот град, а Битола во периодот кој претстои ќе продолжи да се развива како економски привлечна дестинација,рече градоначалникот Коњановски на денешното отворање на приватната установа „Дом Софија“.

Инаку новиот приватен старски дом о битола зафаќа површина од 1500 метри квадратни, со капацитет за згрижување на 60 корисници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*