Светштеникот на МПЦ-ОА, од Преспанско-пелагониската епархија, отец Стефан Здравевски од Битола, продолжува да ја скандализара јавноста, а Синодот на МПЦ-ОА и надлежниот епископ г. Петар упорно молчат.
Здравевски кој доби казна од државата поради непочитување на препраките за заштита од Пандемијата и кој јавно протестораше поради одлуката на судот со која, како протерејот на црквата Св. Недела, треба да плати илјада евра поради фрлање на крстот за празникот Богојавление, кога целата МПЦ-ОА ги почитуваше препораките на државата, деновиве е повторно во фокусот на црковата јавност и продолжува со скандалозното однесување и на социјалните мрежи.
Свештеникот на МПЦ-ОА на социјалните мрежи јавно зборува против процесот на вакцинација, доведувајќи ги во заблуда и верниците и јавноста, пласирајќи еретички тези дека со примањето на вакцина луѓето го примале ѓаволот, повикувајќи верниците да не се причестуваат кај свештеници кои се вакцинирале.
Прагот на толеранција кај овој свештеник ги поминува сите граници, е реакцијата на голем број верници на МПЦ-ОА, кои алепираат пред се надлежниот епископ, а потоа и Синодот на МПЦ-ОА да преземат мерки за негово расчинување.
-Навистина е срамно што Валадиката г. Петар ова го толерира. Тој постојано на проповедите в црква зборуваше за опасноста од вирусот, и лично самиот беше сведок како изгледа борбата со вирусот. Зошто тој лично не му прнесе на овој свештеник за неговото искуство, вели еден битолчанец ревиолтиран од ваквата толеранција.
Вериници на Преспанско-пелагониската епарија потсетуваат дека Владиката г. Петар во Австралија без какви било проблеми расчинуваше свештеници само затоа што ќе му се спротивставеа и прашуваат дали ова што сега се толерира овој свештеник треба да се толкува како затскриено одобрување на неговите ставови.
Револтот меѓу верниците расте и кон Синодот на МПЦ-ОА, а тоа може лесно да се забележи и на социјалните мрежи. Верници прашуваат дали овој став на Отец Стефан е и став на МПЦ-ОА.
-Додека владиците си молчат овој свештеник си прави имиџ на голем месија. Молчејки да не им се случи на владиците сериозен проблем. Што е МПЦ-ОА, црква која се води по каноните, или парацрква која се води по бабини-деветини и бајачки? Каква е оваа дрскост свештеник да повикува некој да не се причестува кај свештеник кој се вакцинирал? Па се вакцинираше Рускиот Патријарх, Вселенскиот патријарх, Архиепископите на Атина, на Тирана, монасите на Света Гора и сите други во православните цркви. Што се сите тие еретици? Сите тие се духово неписмени, а некојси поп од Господ да не е пратен?, вели еден наш соговорник посочувајќи дека и самиот отец Стефан е сведок колкумина свештеници, негови колеги починаа поради Ковид 19.
Стефан Здравевски е свештеник на МПЦ-ОА, кои и во минатото стапувал и политички ставови. Овој свештеник во 2018 се поврзуваше и со еден друг случај во кој одбил да изврши опело на починат човек, само затоа што имал различни политички ставови од неговите.