Don't Miss
Home / Вести / Тања Милисковик, извршен директор во “Кромберг и Шуберт”: Битола со “ Кромберг и Шуберт “ имаат посебно место во моето срце

Тања Милисковик, извршен директор во “Кромберг и Шуберт”: Битола со “ Кромберг и Шуберт “ имаат посебно место во моето срце

        -Битола има посебно место во моето срце и тоа секогаш ќе остане така. Заради Битола, заради сите искуства кои ги имам проживеано во овој град, сите лекции кои ги имам научено, сите луѓе кои ми станаа дел од животот и се што имаме изградено заедно, останав да живеам и работам тука, во Македонија. Пред да се преселам во Битола бев убедена дека никогаш нема да можам да живеам и работам во Македонија. Кога се вратив од Америка, мислев ќе останам само привремено и дека пак ќе си одам, меѓутоа еве, 11та година тука сум. “Кромберг и Шуберт” е дел од мојот живот, тоа ми е тимот, тоа се луѓето кои ми се најсилна страна, со кои знам дека нема нешто што е невозможно. Мене цел живот работата ми е приоритет, само работата ме нема оставено на цедило, само заради работата сум здрава и жива, благодарение на работата можам да помагам и благодарение на работата имам привилегија да создавам можности за други луѓе, да ги градат своите приказни и животи, а тоа е најголема награда.

И како тим работиме за тоа “Кромберг и Шуберт” да биде позитивен пример во Битола. Покрај тоа што имаме влијание за економијата, нашиот начин на работа влијае и на создавањето на работни навики кај луѓето, градење на свесност за организациона култура, принципи и вредности, професионалност, знаење и вештини.

        Ова во ексклузивно интервју  за Битолски весник го изјави извршната директорка на “Кромберг и Шуберт “ Тања Милисковиќ.

        Целото интервју можете да го прочитате во печатеното издание на Битолски весник                  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*