Don't Miss
Home / Вести / Талески и Бончановски бараат ослободување од куќен притвор

Талески и Бончановски бараат ослободување од куќен притвор

                  

На отворена седница на Апелациониот суд во Скопје беа разгледувани жалбите на екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески и секретарот на општината, Слободан Бончановски на изречните мерки на Кривичниот суд за  куќен притвор.

Талески и Бончановски, кои со неправосилна пресуда во случајот “ Транспортер “ се осудени на 8, односнона 6,5 години затвор бараат до правислноста на пресудата да се бранат од слобода.

Имено, по изрекувањето на првостепените пресуди на барање на Обвинителството,  судијката Добрила Кацарска на  Талески и Бончановски им изрече мерка куќен притвор.

Оттогаш тие веќе неколку месеци се во куќен притвор и битолската полиција два пати денот ги проверува дали ја почитуваат изречената мерка.

На седницата на Апелацииниот суд, дел од осудените лица во случајот “ Транспортер “ побараа враќаање на пасошите, кои им се одземени со решение на судијката Кацарска.

Инаку со првостепената пресуда екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески е осуден на 8, а секретарот Слободан Бончановски  на 6,5 години затвор. Останатите обвинети, дел добија затворски казни во траење од 2 и пол до 3,5  години затвор, а дел добија условни казни. На обвинетите им се судеше за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превозот на ученици во Битола.

          На ваквите пресуди  се жалеа сите обвинети, кои бараа ослободителни пресуди, а жалба поднесе  и Обвинителството кое побара првообвинетите Талески и Бончановски да добијат повисоки казни затвор, а зголемување на казните побара и за останатите осудени лица.

          Обвинителствто се жали и на  изреченеите пресуди со кои директорите на училиштата беа осудени на условни казни затвор.

Обвинителството и за нив бара ефективни казни затвор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*